Нетанјаху најави истрага за нападот во Газа во кој загинаа седум хуманитарци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Palestinians inspect the site of an Israeli airstrike on a building, amid the ongoing conflict between Israel and the Palestinian Islamist group Hamas, in Rafah, in the southern Gaza Strip April 2, 2024. REUTERS/Mohammed Salem

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска најави истрага за израелскиот воздушен напад врз Појасот Газа во кој беа убиени седум работници на добротворната организација Светска централна кујна (WCK).

Тој настанот го нарече „ненамерен и трагичен“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека во нападот на конвојот на хуманитарната организација загинале австралиски, британски и полски државјани, како и Палестинци и лице со американско и канадско државјанство, пишува Ројтерс.

Организацијата соопшти дека хуманитарците патувале во два блиндирани автомобили со логото на добротворната организација и во друго возило.
Армијата ја изрази својата „искрена тага“ и вети независна истрага за инцидентот.

„За жал, минатиот ден се случи трагичен настан во кој нашите сили ненамерно повредија неборци во Појасот Газа. Така се случува во војна. Спроведуваме детална истрага и сме во контакт со владите. Ќе направиме се за да спречиме такво нешто да се повтори“, рече Нетанјаху во видео изјавата.

Хуманитарните работници и нивниот палестински возач загинаа доцна синоќа во израелски напад во Појасот Газа, соопшти невладината организација за која работеле хуманитарните работници.

Соработници на американската невладина организација „World Central Kitchen“ (WCK), која доставува храна во Појасот Газа, загинаа во израелски напад, објави на мрежата X основачот на организацијата, шпанско-американскиот готвач Хозе Андрес.

„Ова не е само напад на WCK, ова е напад врз хуманитарни организации кои се појавуваат во најтешките ситуации кога храната се користи како оружје за војна“, рече Ерин Гор, извршен директор на WCK.

Share This Article