More

    „Не сакам оваа млада дама да ја ставам во непријатна ситуација“…

    spot_img

    Раперот и музички могул Џеј Зи синоќа освои Греми, а по добивањето на наградата, одржа говор во кој ги прозва организаторите. Џеј Зи излезе на сцената придружуван од ќерката Блу Ајви и „удри“ по организаторите.

    „Не сакам оваа млада дама да ја ставам во непријатна ситуација, но таа има повеќе Греми од сите и никогаш не освоила за албум на годината“, рече Џеј, очигледно мислејќи на својата сопруга Бијонсе, која освои 32 Греми.

    „Значи, дури и според вашите сопствени стандарди, тоа не функционира. Размислете за тоа. Најмногу Греми; таа никогаш не добила за албум на годината. Тоа не функционира“, додаде тој.

    Но, Џеј Зи не застана тука. Тој продолжи да ја критикува целата категорија Албум на годината.

    „Некои од вас ќе си одат дома чувствувајќи се ограбени, некои од вас може да се случи да бидат ограбени, некои од вас не спаѓаат во таа категорија. Но, ние мора да продолжиме да доаѓаме. Сите ние во животот мора да продолжиме да доаѓаме… Сè додека не ви ги дадат сите тие признанија што мислите дека ги заслужувате“, заклучи тој.

    Тејлор Свифт синоќа по четврти пат ја освои нарадата Греми за албум на годината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img