More

    Напнато во Германија: Жена упадна во клиника, улици затворени, евакуација во тек

    spot_img

    Голема полициска и противпожарна акција е во тек во болницата Луизен во Ахен, Германија, каде според првичните информации од полицијата, наводно вооружена жена им се заканувала на неколку лица во клиниката, пишуваат германските медиуми.

    Областа е опкружена со вооружена полиција со шлемови, панцири и автоматски пушки, а улиците се затворени. Специјални единици од Келн се на пат кон локацијата.

    Се наведува дека жената ја запалила пиротехниката и голем чад ја наполнил клиниката. Според БИЛД, непозната жена запалила бенгалски факел во операционата сала.

    Таа потоа се забарикадирала во собата за пациенти – не е јасно дали имало други луѓе во собата.

    Полицијата се уште не може да каже кој е точно вооружениот, ниту на кого му се заканува. Исто така, не е јасно дали има повредени.

    Станува збор за протестантска болница со 378 кревети и дванаесет специјалистички одделенија. Во болницата работат околу 1.600 вработени.

    Во моментов се расчистуваат делови од клиниката, а пациентите се преместуваат.

    Како што јавува новинската агенција Дпа, од зградата се изнесуваат вознемирени луѓе.

    Полицијата ги повикува луѓето да ја избегнуваат областа околу болницата Луизен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img