More

    Украинската воена полиција тресе ресторани, барови и концерти барајќи регрути

    spot_img

    Украинската воена полиција задолжена за регрутирање намерно посетува места во главниот град Киев, каде што приведува мажи погодни за армијата кои немаат соодветни документи.

    Дејли мејл наведува дека регрутерите насилно ги носат во украинската армија.

    На видеото кое го објави британскиот таблоид, може да се види како двајца мажи буквално ги одвлекуваат кога во петокот вечерта го напуштиле концертот на украинската рок група Океан Елзи.

    – Тргни се од мене! – се слуша како еден од учесниците на концертот вика додека тројца воени полицајци го влечат кон местото за регрутирање што е поставено пред салата.

    Се наведува дека биле извршени низа рации во ресторани, дискотеки, барови и концертни сали.

    Оние кои одбиваат да покажат документи кои потврдуваат дека се ослободени од воена служба или имаат фалсификувани документи, веднаш се приведуваат.

    Во снимката се гледа како маж во паника се обидува да се оттргне од стисокот на полицаецот, додека неколку жени го снимаат сето тоа.

    – Срамота! Срам да ти е! – викаат жените.

    Според воената состојба во Украина, сите мажи на возраст меѓу 25 и 60 години можат да се приклучат на војската, а оние на возраст меѓу 18 и 60 години не можат да ја напуштат земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img