More

    Најдоброто нешто што можете да го направите после оброк за подобро варење

    spot_img

    Можеби е примамливо да седите на каучот после јадење, но има многу подобра работа што можеме да ја направиме.

    Не е тајна дека пешачењето има многу добри ефекти врз нашето здравје. Додека некои тврдат дека пешачењето после оброк го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2, други го сакаат поради неговото влијание врз намалувањето на надуеноста и варењето. Некои веруваат дека тоа е главен фактор за одржување на тежината.

    „Колку повеќе се движиме, одиме, се протегаме или вежбаме, толку помоќно и поефикасно нашите црева се стегаат. Ваквите контракции на гастроинтестиналните мускули се одлични за забрзување на празнењето на желудникот, за подобрување на минувањето низ цревниот тракт и за отстранување на гасовите и отпадот од дигестивниот систем. Ова на крајот помага да се спречи надуеност и запек“, вели гастроентерологот Дејвид Кларк за Yahoo Life.

    Одење после оброк доведува до ослободување на гасови, што го намалува притисокот врз гастроинтестиналниот тракт, што пак го намалува оптоварувањето на мускулите и го олеснува чувството на надуеност.

    „Пешачењето помага и за регулирање на шеќерот во крвта, што е особено корисно после оброк. Регулацијата на шеќерот во крвта вклучува одржување на стабилно ниво на гликоза во крвотокот, што е критично за целокупното здравје и нивото на енергија. „Прошетката по оброкот помага во овој процес со тоа што го спречува наглото намалување на нивото на шеќер во крвта и го одржува нивото на инсулин стабилно, што може да помогне да се контролира ризикот од дијабетес“, објасни д-р Али Кан.

    Одење го намалува стресот
    Конечно, постои психолошка причина зошто е добро да се прошетате после оброк.

    „Пешачењето го намалува стресот, што може да придонесе за дигестивни проблеми и да ги влоши симптомите како што се надуеност и гасови. Лесната прошетка по вечерата може да помогне да се намали нивото на стрес, да се промовира релаксација и потенцијално да се подобри варењето“, вели гастроентерологот Ендрју Боксер.

    Светската здравствена организација препорачува 150 минути физичка активност со умерен интензитет неделно за возрасни, како и два дена активност за зајакнување на мускулите. Прошетките по оброците може да се избројат во тие 150 минути, особено ако се движите со брзо темпо, пренесува Index.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img