More

    На актерот Вил Смит не му е непознато шaмарањето

    spot_img

    Се чини дека на актерот Вил Смит (53) не му е непознатo шaмарањетo. По скандалот на Оскарите, кога го удри комичарот Крис Рок (57), американскиот портал ТМЗ дојде во посед на видео од ноември минатата година, во кое Вил ги учи децата како да одглумат шамар.

    Видеото ја прикажува средбата на Вил и неговата колешка од филмот „Кралот Ричард“ Аунџану Елис со децата. Момчето кое случајно, исто како и комичарот, се викал Крис, се интересирало како да лажира расправија во филмовите.

    Вил решил да му покаже на Крис некои филмски потези, па го повикал момчето на сцената и му ја покажал својата уметност во шамарањето. Секако, Вил не го удрил, туку повеќепати му покажувал како да одглуми шамар пред камерите.

    – Вака се прави тоа! Само сврти ја главата навреме за да не паднеш од сцената – вели Вил во видеото. Фотографии и видео погледнете ТУКА.

    Шамарот на Оскарите не беше единствениот физички напад на Вил. Vо 2012 година Вил беше на премиерата на филмот „Луѓе во црно 3“ во Москва, кога Виталиј Седиук се обиде да го бакне во уста и актерот му удри шлаканица.

    Да потсетиме, Вил се најде во центарот на медиумското внимание во понеделникот по судирот со Крис Рок на Оскарите. Сепак, комичарот одби да поднесе кривична пријава против Смит, а побарувачката и цените на билетите за хумористичната турнеја на Крис драстично се зголемија.

    Дури и актерот Адам Сендлер се пофали на Твитер дека нема да ја пропушти изведбата на Крис.

    – Едвај го чекам ова. Те сакам пријателе – напиша тој.

     

    ФОТО: Твитер/Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img