На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар . Околу 09.00 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 05.08.2024 во 12.55 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја привеле Ј.Ч.(37) од Прилеп. Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Денеска (06.08.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.08.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.08.2024 во 17.30 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле Л.А.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање, на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (06.08.2024) во 02.30 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода В.Л.Х.Ц.(40) од Мексико, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
На 05.08.2024 во 19.50 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода О.К.(28) од Косово затоа што при гранични проверки било констатирано дека патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага на Интерпол Германија. Возилото било одземено, а лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка.
На 05.08.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, после крстосница со с.Копаница, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(59), удрило во велосипед управуван од А.П.(40), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.08.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(49) од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Љ.Т.(55) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.
На 05.08.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул„Партизанска“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(53) од село Заграчани, струшко и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.Ж.(26) од село Велешта, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 05.08.2024 во 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид, патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(39) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 05.08.2024 во 11.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Гоце Делчев“ со ул.„Партизанска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан кашкаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.К.(23) од Свети Николе и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Ј.П.(45) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Денеска (06.08.2024) во 00.25 часот во Полициската станица Центар, В.К.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.08.2024 во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(40) од Скопје пријавил дека во парк на подрачје на општина Аеродром во Скопје бил каснат од куче скитник.