Денеска (04.06.2024) во 02.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) во периодот од 09.00 до 13.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 33 возачи поради бесправно управување на возилото, осум возеле без возачка дозвола… На вонреден технички преглед биле упатени 55 возила, а кај 16 биле констатирани технички неисправности.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење…
На 03.06.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.06.2024 во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Пелинска“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.В.(42) удрило во пешакот Р.М.(75), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М. констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 03.06.2024 во 15.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат с.Опае-с.Оризаре, липковско, на место викано „Розафа“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(46) од с.Оризари, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Р.С.(43) од с.Оризари констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 03.06.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Н.С.(19) од Република Србија пријавил дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 03.06.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Центар, К.П.Ј.(42) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.