More

    Мбапе го дозна бројот на дресот што ќе го носи вo Реал Мадрид

    spot_img

    Францускиот напаѓач Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе го носи дресот со бројот 9, објави денеск добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.

    Мбапе вчера потпиша петгодишен договор со Реал, откако последните седум години ги мина во ПСЖ носејќи го во францускиот клуб дресот со бројот 10.

    Според Романо, шпанскиот клуб и Мбапе го почитуваат Лука Модриќ, кој останува во Мадрид уште една сезона, и ќе почекаат хрватскиот фудбалер да се пензионира или да замине од клубот, пред Французинот да ја преземе неговата „десетка“.

    Своевремено, и Кристијано Роналдо чекаше легендата на Реал, Раул, да замине во пензија за Португалецот да може да го облече дресот со бројот 7.

    „Деветката“ која Мбапе ќе ја носи во својата прва сезона во дресот на Реал е слободна по заминувањето на неговиот сонародник Карим Бензема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img