More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 19 Септември, 2024

    spot_img

    На 18.09.2024 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија го лишиле Д.Д.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 18.09.2024 во 17.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (19.09.2024) во 05.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Љ.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 18.09.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле две малолетни лица од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 18.09.2024 во 22.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода В.С.(22) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена зелена растителна материја. В.С. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На  19.09.2024 во 03.10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.И.(43) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, затоа што кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Б.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 18.09.2024 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката „Хиподром“, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(59) од село Ајватовци, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

    На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот,  констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

    На 18.09.2024 во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Слупчане, липковско – Граничен премин Белановце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(20) од село Слупчане, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) од село Липково и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(40) од село Слупчане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од увид екипа од СВР Куманово.

    Денеска (19.09.2024) во 01.45 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img