More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 06 Февруари, 2024

    spot_img

    Денеска (06.02.2024) во 10.15 часот на ул.„Петар Манџуков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од с.Арачиново, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

     На 05.02.2024 во 22.00 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 05.02.2024 околу 22.40 часот локален пат во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот Б.И. од ова село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот на Б.И. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

     Денеска (06.02.2024) во 02.40 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле Ш.Н.(51), К.Т.(22) и К.Р.(30), сите од Република Албанија. При пасошка контрола било констатирано дека во нивните патни исправи недостасувале по неколку страници. Со нив бил извршен службен разговор, по што биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

     Во текот на вчерашниот ден (05.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 225 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

     Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 30 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување…

     На 05.02.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Неготино, И.В.(68) од Неготино пријавил дека на улица „Ленинова“ во Неготино бил каснат од куче скитник.

     На 06.02.2024 во 04.15 часот во СВР Битола, Д.А.(35) од Битола пријавил дека на ул.„Филип втори македонски” бил каснат од куче скитник.

     На 05.02.2024 во 15.00 часот во ОВР Прилеп, Ц.Ј.(68) од Прилеп пријавила дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img