More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 08 Јули, 2024

    spot_img

    СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.С.(33) од Скопје, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 07.06.2024 на ул.„Методија Андонов Ченто“, при извршен преглед над пријавениот, бил пронајден хероин.

    Ноќеска (08.07.2024) во 03.00 часот на автопат Тетово-Гостивар, поточно на наплатна станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, при сообраќајна контрола, ја лишиле од слобода А.М.(21) од тетовско Желино, која управувала моторно возило. При преглед на возачките документи, таа доставила возачка дозвола за која постои основано сомневање дека е фалсификувана. А.М. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

    На 07.07.2024 во 12.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.З. (37) од Куманово, затоа што физички го нападнал Б.Ј. (39), а подоцна, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дигитална вага. Ф.Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 68 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест мерки за користење на мобилен телефон при управување, пет мерки за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли…

    На 07.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(27) од с.Кучевиште, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата М.П. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.П.(49) и еден малолетен сопатник, двајцата од с.Кучевиште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 07.07.2024 во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи. Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

    Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријави против М.А.(59), државјанин на Р.Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот на 01.07.2024 на Граничниот премин „Деве Баир“, при влез во државата, приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување за товарно возило со влекач, издадена од Р.Турција.

    На 07.07.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превој Стража, мотоцикл „кавасаки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Скопје, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

    На 07.07.2024 околу 18.30 часот во Полициската страница Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу Валандово и село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од с.Колешино, струмичко, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(60) од Скопје и патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(59) од с.Злеово, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Д.(64) од с.Чифлик, пехчевско, а со телесни повреди се здобила Т.Ј.(40) од с.Злеово, радовишко, и двете сопатнички од возилото „пасат“, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

    На 07.07.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Ѓ.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Нада Гешовска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img