More

    Министерот Свечља бара Србија да ги предаде лицата на Косово

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека има информации оти шестмина ранети членови на групата која вчера изврши напад врз косовската полиција на северот од земјата се лекуваат во болница во градот Нови Пазар во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

    На денешната прес-конференција по повод вчерашниот инцидент во селото Бањско, кај Звечане, во кој беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од групата напаѓачи, која официјална Приштина ја квалификува како терористичка, Свечља побара од Србија да ги предаде ранетите, како и сите други припадници на групата од над 30 лица кои по акцијата на косовската полиција пребегнале во соседната држава.

    – Според досегашните информации, шест ранети терористи се лекуваат во болницата во Нови Пазар и бараме од Србија истите веднаш да ги предаде на властите во Косово, со цел да одговораат пред правдата за терористичките дела. Исто така бараме од Србија да ни го предаде секој припадник на групата кој успеал да побегне во Србија – рече Свечља.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img