More

    Европол на акција во БиХ: Уапсените полицајци биле дел од „внатрешниот круг“ на нарко босот Един Гачанин

    spot_img

    Уапсените високи полицајци во Босна и Херцеговина се дел од „внатрешниот круг“ на нарко босот Един Гачанин, кој беше уапсен во ноември минатата година, се вели во соопштението на Европол, пренесено денеска од Обвинителството на Босна и Херцеговина.

    Од март минатата година Гачанин е на „црната листа“ на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (ОФАЦ), каде што е наведено дека е еден од најголемите шверцери на дрога во светот.

    Американските власти го означија како лидер на картелот „Тито“ и „Дино“, во кој има членови на неговото семејство и пријатели од Босна и Херцеговина.

    Европол додава дека, покрај напорите за шверц на наркотици во повеќе земји, картелот за перење пари на Гачанин е тесно поврзан со Групата за организиран криминал Кинахан, транснационална криминална организација која ОФАЦ претходно ја санкционираше како значајна транснационална криминална организација.
    Во рацијата на 22 април во Босна и Херцеговина беа уапсени 23 лица.

    Во денешното соопштение на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) се наведува дека во рамки на полициската акција биле проверени сметки во девет деловни банки во Босна и Херцеговина, за осум правни лица и осум државјани.

    По тој повод, за предметните правни и физички лица беа извршени привремени прекини на трансакции во вкупен износ од 614.204,80 конвертибилни марки, 23.906,44 евра и 2.261 американски долари. Додека се работело на случајот во една од деловните банки, извршен е претрес на едниот сеф, додека другиот е блокиран, се заклучува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img