More

    БЛОКИРАНИ СЕ 3.000 ПРЕДИЗБОРНИ ВРАБОТУВАЊА И УНАПРЕДУВАЊА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

    spot_img

    Вишиот управен суд донесе две пресуди со кои се оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување, како и за издадени согласности за вработување по сите основи во јавниот сектор зашто се донесени без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер во периодот од формирањето на техничката влада до денот на распишување на изборите, информира дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова на денешната прес-конференција.

    Се работи за 36 вработувања на определено време, 2 вработувања на неопределено време и 3 унапредувања во Министерството за финансии, како и за издадени согласности за целиот јавен сектор за вработувања на 1.200 лица на неопределено време, 448 на определено време, за 1.227 договори за дело и за 99 унапредувања.

    Сега, како што кажа, Државната изборна комисија (ДИК) ќе треба да одлучува во повторна постапка и да го разгледа секој предмет за вработување поединечно и да донесе одлука. Тоа, додаде, значи дека Министерството за финансии треба да ги достави сите конкретни предмети до ДИК. Во меѓувреме, донесените акти немаат правно дејство без врзан потпис, бидејќи нема одлука од ДИК по барањето на Министерството за финансiи дали треба да одат со врзан потпис.

    -Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии – рече Петрова.
    Со едната пресуда, прецизира, ја поништи одлуката на ДИК според која актите за вработување и унапредување во Министерството за финансии не требало да се потпишуваат со врзани потписи на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер. Со другата пресуда за поништување на одлука на ДИК, додаде, се докажа дека по формирање на техничката влада министерот за финансии незаконски ги потпиша сите согласности за вработување во јавниот сектор по сите основи – на неопределено време, на определено време, привремени вработувања, договори на дело, авторски договори и преземање на вработени од еден во друг орган или тело.

    -Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер не произведуваат правно дејство. Истото се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и започнатите постапки врз основа на тие согласности – рече Петрова.

    Таа појасни дека врзаниот потпис е предвиден како гаранција дека дискрециските овластувања на министерот нема да се применуваат поради постигнување на политички цели и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.

    Оспорените акти за вработување донесени во предизборниот период без врзан потпис, како што кажа, фрлаат сомнеж дека може да влијаат од аспект на собирање на политички поени и врз волјата на тие лица за кои се однесуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img