More

    ЕВРОТО ВО ХРВАТСКА ЗАГЛАВИ СО ДИЗАЈНОТ

    spot_img

    Еврото во Хрватска треба да биде воведено најдоцна до следната година, но земјата ја потресе скандал околу дизајнот на монетата со животното куна. Автор е Стјепан Прањковиќ, магистер по применета уметност, кој во меѓувреме го повлече предлогот, бидејќи куната, како што испадна, без дозвола ја украл од фотографија на шкотски фотограф, пишува Н1.

    Сега се преговара за нов дизајн и нов конкурс, повторно со куна. Додека Хрватите одлучуваат, можеме да споредиме што другите ЕУ-земји избрале за свое обележје. Еден ден, можеби, охридската пастрмка, шарпланинецот и рисот ќе бидат на овие кованици.

    Словенија

    Словенците за слика на еврото го избраа портретот на поетот Франц Прешерн, кој ги повика на независност во средината на 19 век. Тука е и врвот Триглав кој го има и на словенечкото знаме, Липицанерите кои потекнуваат од Словенија во 1580 година и биле составен дел на дворот во Виена. На паричката се наоѓа и слика од штрк.

    Грција

    Грците ја избрале сликата на божицата Европа заробена од Зевс во облик на бик.

    Франција

    Французите, меѓу другото, имаат дрво како симбол на животот, континуитетот и растот.

    Германија

    Германците го избраа орелот за симбол на суверенитетот, но и Браденбуршката порта, која Германците ја сметаат за симбол на поделба во Студената војна, но и симбол на обединување.

    Летонија

    Летонија се одлучи за портрет на летонската дама на нивниот најпознат сликар, пишува Дневник.

    Малта

    Малта го избра малтешкиот крст. Приказната за него датира од првата крстоносна војна во 1099 година и е симбол на честа и заштитата.

    Словачка

    Словаците на своето евро ставија замок во Братислава од 15 век, а сегашниот изглед ѝ го должат на Марија Тереза. Шпанците го избраа Мигел де Сервантес, еден од најголемите шпански писатели, познат по неговото дело Дон Кихот.

    Финска

    Финците, љубителите на природата, имаат флора и фауна на нивните монети. Тие сепак се најпопуларни по Дедо Мраз, но не се одлучија за неговата слика.

    Белгија

    Земјите од Бенелукс избираат монарси. Во Белгија тоа е портрет на кралот Филип, актуелниот крал.

    Холандија

    Холанѓаните го ставија профилот на кралот Вилхелм Александар, кој го презеде тронот од мајка си во 2013 година.

    ретка словачка монета со св.Кирил и Методиј, извор: твитер

    Луксембург

    Луксембург има портрет на големиот војвода Хенри, кој владее со оваа мала и богата земја веќе 22 години.

    Кипар

    Кипар има муфлон на својата паричка.

    Ирска

    Ирска се одлучи за симболот на келтската харфа, која исто така е дел од ирскиот грб, а е важна за културата на таа нација. Харфата за свој симбол ја сметаат и Шкотите.

    Естонија

    Естонците се одлучиле за слика од карта на Естонија. Тие оцениле дека тоа е најдобро за брендирање на нивната земја.

    Андора

    Андора, меѓу другото, има пиринејска дивокоза и златен орел на своето евро.

    Австрија

    Австријците избраа личност без која музиката тешко би била иста – Моцарт. Но тие имаат и јагула која често планинарите ја ставаат на облеката.

    Италија

    Италијанците се одлучија за познатиот Витрувијански човек, цртеж на Леонардо Да Винчи, но и за Раѓањето на Венера, слика од Сандро Ботичели, еден од најважните сликари од раната ренесанса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img