Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.
Според Ројтерс, МКС издаде налог за апсење на Путин под сомнение за нелегална депортација на деца и нелегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.
Ројтерс претходно оваа недела објави дека се очекува судот да издаде налози, први во истрагата за конфликтот во Украина.
Судот издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка на Русија за правата на децата, по истите обвиненија.