Маж на возраст од 71 година пукал во Фицо

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата во Словачка го идентификуваше 71-годишниот Ј.Ц. од Левица, кој со пиштол, што законски го поседувал, денеска го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо.

Словачки медиуми објавуваат неофицијални информации дека човекот кој пукаше во словачкиот премиер е писателот Јурај Цинтула, приврзаник на либералната партија Прогресивна Словачка.

Во минатото Цинтула на социјалните мрежи отворено ја изразуваше својата омраза кон Фицо.

Здравствена состојба на Фицо, кој првично со автомобил беше пренесен во болница, а потоа со хеликоптер префрлен во Бањска Бистрица, е критична.

Напаѓачот веднаш по нападот бил приведен од полицијата.

Словачките медиуми јавуваат дека тој извикал „Робо, дојди овде!“ пред да го застрела Фицо, кој им пријде на граѓаните по владината седница во градот Хандлова, 150 километри од Братислава.

Лидерот на словачката левица беше назначен за премиер на Словачка по четврти пат на крајот на октомври 2023 година, откако во предизборната кампања вети дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и го критикуваше воведувањето санкции против Русија.

Share This Article