Легендата на „Војна на ѕвездите“ Ангус Мекинес почина на 77-годишна возраст. Актерот, најпознат по улогата на Џон „Дач“ Вандер во првиот филм, починал „мирно“ опкружен со семејството на 23 декември.
Неговото семејство на Фејсбук ја објави следнава изјава:
„До сите обожаватели на Ангус ширум светот, со тешко срце го пишуваме ова: Ангус Мекинс, саканиот сопруг, татко, дедо, брат, вујко, пријател и актер, почина на 23 декември 2024 година. Нè напушти мирно, опкружен со своето семејство и љубов.“
„За Ангус, фановите на „Војна на ѕвездите“ имаа посебно место во неговото срце. Тој сакаше да ве запознава на конвенциите, да ги слуша вашите приказни и да ја сподели вашата страст за сагата. Постојано го исполнуваше понизност, радост и чест поради восхитот и страста на обожавателите и заедницата собрана околу конвенцијата. Ангус беше повеќе од актер – тој беше љубезен, внимателен и дарежлив човек кој внесува топлина и хумор во животите на сите што го познаваа. Тој длабоко ќе им недостига на неговото семејство, пријателите и колегите актери, но и неговите обожаватели ширум светот – неговото семејство им се заблагодарува на сите за поддршката“.
Кариерата на Ангус траеше децении, а неговите незаборавни улоги вклучуваат филмови како „Војна на ѕвездите: Нова надеж“ (како Златен водач, Џон „Дач“ Вандер), „Сведокот“, „Судијата Дред“, „Капетан Филипс“ и многу други. Неговата работа допре безброј животи, а тој беше горд што беше дел од оние приказни кои продолжуваат да одекнуваат кај публиката ширум светот.