More

    Лавров ја расипа калимерата со Израел

    spot_img

    Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров размени остри зборови со Гилад Ердан, постојаниот претставник на Израел во Обединетите Нации. Тој одговори на обвинувањата на Ердан дека Иран и испорачува оружје на Русија кое потоа Русија го користи во војната во Украина.

    – Денеска некои делегации видоа можност да ги повторат напаметните обвинувања против Русија во врска со специјалната операција против нацистичкиот режим во Киев. Колеги, тие изјави ги оставам на вашата совест, иако разбирам дека таа (совеста) многу ќе истрпи – рече рускиот министер на седницата на Советот за безбедност посветена на ситуацијата на Блискиот Исток.

    Лавров, исто така, повика да не се дозволи „одлуката на ОН за формирање палестинска држава да биде погребана“, како што се случи со договорите од Минск од 2015 година, кои беа едногласно одобрени од Советот за безбедност на ОН.

    – Не смее да се дозволи повторување на вакви криминални дејствија против палестинскиот народ – додаде шефот на руската дипломатија.

    Лавров престојува во Њујорк каде што учествува на седниците на Советот за безбедност на ОН за Блискиот Исток и Украина.

    За потсетување, западните земји тврдат дека Иран наводно и испорачува на Русија дронови за борбени операции во Украина. Москва и Техеран ги отфрлија таквите обвинувања. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан на форумот во Давос изјави дека неговата земја никогаш не и испорачувала на Русија беспилотни летала и ракети за употреба во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img