More

    Кучето ја згазило ловечката пушка и по грешка го убило сопственикот

    spot_img

    Жителот на Вичита, Џозеф Остин Смит (30), починал на местото на настанот во саботата, 21 јануари, неколку минути откако пристигнале екипите на итната помош и се обиделе да го реанимираат и други мерки за спасување, според соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Самнер.

    Според информациите од канцеларијата на шерифот, Смит се качил на совозачкото седиште во пикапот на неговиот пријател во кој имало опрема за лов, наполнета пушка и куче во задниот дел. Тогаш кучето, кое му припаѓало на сопственикот на пикапот, „згазило на пушката, поради што оружјето пукнало“, се вели во соопштението.

    Инцидентот се случил северно од градот Геда Спрингс, а возачот не бил повреден, јавува „NBC“.

    Ова не е првпат куче случајно да активира огнено оружје и да убие или повреди лице во возило.

    Анализата на „Вашингтон пост“ од 2015 година на 10 престрелки со кучиња помеѓу 2004 и 2015 година покажа дека половина од инцидентите се случиле за време на несреќа во лов, а 40% се случиле во возило.

    Во Русија слична несреќа се случила кога маж и неговото куче биле на лов во 2018. Откако кучето било пуштено од задниот дел на пикапот, шепата на кучето го допрело чкрапалото на пушката која била вперена во стомакот на сопственикот.

    Во 2019 година, жена од Оклахома беше застрелана во бутот од нејзиниот ретривер лабрадор додека возела во нејзиниот пикап.

    И во ноември, Турчин беше убиен додека го ставал своето куче во автомобилот, бидејќи шепата на кучето ја активирало пушката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img