More

    Курти ги отфрли барањата на САД, но навести предвремени избори како решение за кризата

    spot_img

    Косовскиот премиер Аљбин Курти ги отфрли барањата на американскиот амбасадор за решение на конфликтот на северот на Косово и како можно решение ги спомена предвремените локални избори. Тој навести дека мандатот на новоизбраните општински претседатели на север може да трае многу пократко отколку што треба.

    Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, побара од косовскиот премиер итна деескалација на ситуацијата и упати две барања – полицајците да ги напуштат општинските згради, а новоизбраните градоначалници да ги извршуваат функциите во алтернативни објекти.

    Курти на форумот ГЛОБСЕК во Словачка рече дека не може да бара од новите градоначалници да не одат на работа, а специјалните сили на косовската полиција ќе се повлечат само кога ќе се повлечат Србите кои протестираат, кои тој ги нарече толпа.

    Косовскиот премиер призна дека новите градоначалници немаат целосен политички легитимитет, но додаде дека законитоста и уставноста мора да постојат и уште еднаш повтори дека општинските згради се „сопственост на Косово“, пренесува Ќосев.

    Американскиот амбасадор побара новоизбраните градоначалници да ги извршуваат своите функции на алтернативни локации, а Курти праша каде треба да бидат и кој наместо нив во општините.

    Курти вели дека доколку им нареди на градоначалниците да не доаѓаат во општинските згради, ќе биде „вклучен во создавање на паралелни структури, копирање на методот на српските паралелни структури и приклучување кон нивната незаконитост“. Не можам да го сторам тоа“, нагласи уште еднаш.

    Тој призна дека новите градоначалници немаат силен мандат и најави можност тие да останат на функцијата „многу пократко од нивниот мандат“.

    Тој тврди и дека ќе разбере оти Србите на север мирно протестираа во април, по повод изборите, но не и „толпата со буквата З што пука во полицајците, фрла гранати и вика „убиј, убиј““.

    Косовскиот премиер, пак, повеќепати како можност на овој форум споменуваше предвремени избори.

    „Ако сакаат мирни протести со барање за предвремени избори, имаат премиер кој во текот на животот бил политички активист и е повеќе од подготвен да ги слуша, а можеби дури и да се договори со нив“, рече Курти.

    Курти во текот на дискусијата во Братислава неколку пати повтори дека согласно законот може во одреден момент да организира предвремени избори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img