Главно го користиме како поблага варијанта за разни салати, маринади, но и како природно средство за чистење на домот.
Сепак, во последните неколку години, јаболковиот оцет повторно стана вистински хит, особено за проблемите со покачен холестерол и шеќер во крвта.
Традиционално се прави од свежо исцеден сок од јаболко кој ферментира.
Кон него се додаваат квасец и шеќер. Квасецот и бактериите ги претвораат шеќерите во оцетна киселина, а таков оцет всушност може да се направи од секое овошје.
Исто така, јаболковиот оцет содржи природни пробиотици, а познато е нивното благотворно дејство врз здравјето на цревниот микробиом и антиоксиданти кои помагаат да се спречи оштетувањето на клетките предизвикано од стареењето.
Повеќе за здравствените придобивки, но и за несаканите ефекти од консумирањето јаболков оцет, прочитајте на „Арт кујна“.