Хајката(Инфомакс, СДСМ,Левица) продолжува
Пецакот не купил, купил ЈП Комуналец, но за воља на вистината неколку работи се битни
Домаќинското работење и финансиското раздолжување како на општината, така и на Јавните Претпријатија едно по едно, не оди со гатање на гравчиња и размена на повици ко дечко и девојка помеѓу вашиот доушник,вработен во ЈП во ОХРИД(домашно животно) и Филипчо. За тоа се потребни луцидни потези и визија..
ЈП Комуналец 20 години на годишно ниво трошеше по 60.000 €/3.600.000 денари(12 месеци по 5000 €) за одржување на депонијата
Со самото доаѓање на чело на општината и поставувањето на директор на ЈП Комуналец, започнавме постапка за купување на половен багер(толку е силата на Комуналец, здравје за 2 години, ќе купиме нов како и во секое ЈП) и за таа намена претпријатието издвои ЕДНОКРАТНО 3.300.000 или за 300.000 помалце од тоа што на годишно ниво издвојувало претпријатието…
На првиот повик имаше ЕДНА заинтересирана фирма од битолско од каде се набави багерот, заедно со услов за 1 годишна гаранција. При одржување на депонијата и настанат дефект, кој според компанијата не се сервисирал, а багерот беше веќе под гаранција, ги врати средствата на ЈП КОМУНАЛЕЦ и со истите средства се започна нова постапка, при која има нова заинтересирана фирма и така се набавува вториот багер со исти услови и иста гаранција!
Најбитно,да ми импутирате соработка со Нефи, човек и претседател на ДУИ со кој се сликавте пред избори, бевте и сеуште сте коалиција и секаде каде што има свои поддржувачи, истите ме поразија на изборите и во прв и во втор круг и всушност тие се единствените гласачки места каде што изгубив, не само за мене туку и за граѓаните е повеќе од СМЕШНО!
јас лично ја најавив оваа хајка и очекувам да продолжи, затоа што пред два дена му стигнаа анкетите за Охрид и ги фаќа паника, но крајот се ближи!
Ги охрабрувам лично,да продолжат со овај начин, ДА НЕ ЗАСТАНУВААТ да работат на мое дискредитирање, зошто само така ме прават посилен и шо е најбитно ЈАС НЕМАТ ДА ЗАСТАНАМ.. се во свое време
Иначе редот на настаните е ист како и при секоја објава во изминатиот месец дена, СДСМ нарачува, Инфомакс објавува, Левица со профилите на твитер веќе почна, следува реакција на Левица и прес на СДСМ( не на Кристина претседателката на СДСМ Охрид, та е зафатена со некои други процеси), предмет отворен во Економски криминал предводен од партиски полтрон и поранешен градоначалник на Вевчани, сега Началник на стопански криминал во СВР ОХРИД, прибавување на документација, ( досега 19 пати лично сум малтретиран од стопански криминал, прв пат јавно објавувам), спуштање на прашината, излегување на виделина на вистината!!! А бе не знам како да ви кажам завршена приказна сте!!
Кирил Пецаков:Хајката(Инфомакс, СДСМ,Левица) со гатање на гравчиња и размена на повици ко дечко и девојка
