Кина е вмешана во пратките оружје од Северна Кореја за Русија?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кина обезбедува пристаниште за руски товарен брод кој е вмешан во пратките оружје од Северна Кореја за Русија, пишува Ројтерс повикувајќи се на сателитски снимки од американската компанија „Планет лабс“. Рускиот брод е под американски санкции.

Британскиот институт за Обединети услуги (РУСИ) соопшти дека рускиот брод Ангара, кој од август 2023 година префрлил во руските пристаништа илјадници контејнери за кои се верува дека содржат муниција од Северна Кореја, е закотвен во кинеско бродоградилиште во источната провинција Жеџијанг од февруари.

Плусинфо веќе пишуваше за пратката оружје која во јануари Ким Јонг Ун му ја доставил на Владимир Путин.

Овие наводи ги зголемуваат грижите на САД дека расте поддршката на Пекинг за Москва во војната во Украина.

Вториот рангиран дипломат на Стејт департментот, Курт Кембел, овој месец рече дека Вашингтон нема да „седи“ доколку Пекинг ја зголеми својата поддршка за Москва.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент рече дека е свесен за „веродостојни извештаи“ дека бродот Ангара моментално е закотвен во кинеско пристаниште. Тој вели и дека Американците разговарале за ова со кинеските власти.

На веб-страницата на бродоградилиштето Zhoushan Xinya пишува дека компанијата има клиенти кои доаѓаат од цела Азија, Европа и САД и дека има „стратешка соработка“ со глобалните бродски компании, вклучувајќи ги „Maersk“ и тајванската „Evergreen Marine Corp“, како и партнерства со европски технолошки компании.

И Русија и Северна Кореја постојано ги отфрлаа критиките за наводните испораки на оружје. Москва вели дека ќе развие врски со кои земји сака и дека нејзината соработка со Пјонгјанг не е во спротивност со меѓународните договори.

Share This Article