More

    Снежно невреме ја зафати Хрватска – Циклонот се движи кон Македонија

    spot_img

    Утрово снег паѓа во Хрватска, пренесува хрватски Јутарњи лист.

    Според камерите, поставени на автопатите низ Хрватска, се гледа како снег вее без престан откако во земјата дојде циклонот од исток кон запад.

    Нестабилното студено време во Хрватска, кое донесе влажен бран со дожд и снег, се движи кон целиот Балкан, а за викендот се очекува целосен пресврт над нашиот полуостров.

    Времето денеска, пак, во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

    Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

    Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img