More

    Јелена Карлеуша ги објави со име и презиме српските пејачи и актерки што го поддржаа нејзиното исмејување за фотографија

    spot_img

    Српската пејачка Јелена Карлеуша изминатиот период беше главна тема на медиумите, меѓу другото, поради јавните навреди на сметка на нејзините колеги, кои ги споделуваше на социјалните мрежи, а сега продолжила во свој стил.

     

    На страницата на Инстаграм наменета на споделување хумористични содржини, се појавија фотографии од Јелена Карлеуша со и без шминка:

    Популарната пејачка која редовно тврди дека ѝ се загрозени човековите права бидејќи се соочува со чести навреди на социјалните мрежи, сега во објава на нејзината инстаграм-приказна ги објави со име и презиме и ги прозва српските познати личности.

     

     

    Имено, Карлеуша збесна кога виде дека на некои актери и актерки, но и на музичари им се допаѓа фотографијата на популарна страница која со денови кружи на социјалните мрежи.

    Меѓу нив се Алекса Перовиќ, Александар Радојичиќ, Виктор Савиќ, Слобода Миќаловиќ, Матеа Милосављевиќ, Оља Црногорац, Стефан Цвијовиќ Цвија и Катарина Сотировиќ.

     

    Во оваа прилика се огласи Јелена Карлеуша која им упати навреди на актерите и музичарите.

    „Тоа не се јавни личности, туку бедни кутри луѓе и лицемерни г…а, на кои ќе им дадам шанса да ми кажат во очи каков проблем имаат, кога ќе ги згазнам. Под услов да ги препознаам“, напиша пејачката на својот инстаграм-профил.

    Инаку, изминативе денови Карлеуша ужива на одмор во Дубаи, а може да се забележи дека пејачката никогаш не изгледала подобро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img