More

    Израелските сили бомбардираа училиште поврзано со Обединетите нации во центарот на Газа, при што загинаа најмалку 27 раселени Палестинци, а беа ранети уште десетици

    spot_img

    Израелските сили бомбардираа училиште поврзано со Обединетите нации во центарот на Газа, при што загинаа најмалку 27 раселени Палестинци, а беа ранети уште десетици, соопштија официјални лица и локални медиуми.

    Хамас, кој управува со Појасот Газа, го осуди нападот како „масакр“ и рече дека меѓу загинатите и ранетите има многу жени и деца.
    Палестинската новинска агенција Вафа процени дека загинале 27 лица. Агенцијата соопшти дека во моментот на нападот, илјадници раселени Палестинци биле засолнети во училиштето Ал-Сарди во кампот Нусејрат, кое е поврзано со агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

    Израелската војска рано утринава ја презеде одговорноста за воздушен напад врз училиште на УНРВА во Појасот Газа, каде што, според израелците, „се криела база на Хамас“.

    „Воени борбени авиони извршија прецизен напад врз базата на Хамас лоцирана во внатрешноста на УНРВА училиште во регионот Нусеират. Терористите од Хамас и Исламскиот џихад кои припаѓаа на силите Нухба и кои учествуваа во смртоносниот напад врз заедниците во јужен Израел на 7 октомври, дејствуваа во овој комплекс. Терористите ја насочуваа својата кампања на терор од подрачјето на училиштето кое го користат како засолниште“ – се вели во соопштението на израелската војска.Сепак, Исмаил Ал-Тавабта, директор на владината канцеларија за медиуми, управувана од Хамас, ги отфрли израелските тврдења дека во училиштето се наоѓа командно место на Хамас, додавајќи дека најмалку 27 луѓе кои барале засолниште биле убиени.

    – Окупацијата ја лаже јавноста преку лажни измислени приказни за да го оправда бруталното злосторство што го изврши врз десетици раселени луѓе – изјави Тавабта за Ројтерс.

    Израелската војска тврди дека презела чекори за да го намали ризикот од цивилни жртви пред да нападнат со борбените авиони. Израел додаде дека нема да има прекин на борбите за време на преговорите за прекин на огнот.

    Вашингтон продолжува силно да притиска за договор. Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, се состана со високи катарски и египетски посредници во Доха во средата за да разговараат за предлогот за прекин на огнот.

    По краткото примирје кое траеше една недела во ноември, сите обиди да се преговара за прекин на огнот пропаднаа. Хамас инсистираше на своето барање за траен прекин на конфликтот, додека Израел вели дека е подготвен да разговара само за привремено примирје додека милитантната група не биде поразена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img