More

    Италија во неволја, незаменливиот играч за врска го пропушта стартот на еврото, сигурно нема да игра против змејовите

    spot_img

    Италијанската фудбалска репрезентација е во голем проблем пред почетокот на ЕП. Откако Џорџо Скалвини се повреди во сосема неважен натпревар меѓу Аталанта и Фиорентина, сега во неволја е и сигурниот играч за врска Николо Барела.

    Не се работи за нова повреда, туку замор на бутниот мускул. Италија на 9 јуни има евро пријателски натпревар против Босна и Херцеговина во Емполи, а речиси сигурно е дека Барела (27) ќе го пропушти тој натпревар, пишува Газета дело Спорт.

    Ниту на 4 јуни против Турција, Барела не учествуваше. Заврши 0:0.

    Играчот од средниот ред на Интер, шампионот на Италија, е вистинскиот лидер на оваа Италија, истакнува Газета, нарекувајќи го Барела „незаменлив“. Селекторот Лучијано Спалети секако би сакал да го има на располагање Барела веднаш од првиот евро-натпревар со Албанија на 15 јуни, но не е исклучено Барела да не биде подготвен за воведниот меч.

    Не се работи за класична повреда, туку замор на материјалот, меѓутоа и ова треба да се санира. Не треба да се присилува за да не се одложи закрепнувањето. А до почетокот на еврото не останува уште многу време.

    „Им верувам на нашите лекари. Судејќи по нив, речиси сигурно може да се опорават од Албанија“, оптимист е Барела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img