More

    Хутите со ракети нападнаа уште еден брод во близина на брегот на Јемен

    spot_img

    Брод е нападнат денеска во близина на јужниот брег на Јемен, јавија две британски поморски безбедносни агенции.

    Инцидентот се случил во област каде јеменските бунтовници Хути постојано напаѓале бродови во Црвеното Море во последните месеци, соопшти британската агенција за поморска трговија УКМТО.

    Како што се наведува, екипажот е жив и здрав и бродот се движи кон следната дестинација, додавајќи дека инцидентот се случил пред 4 часот утринава.

    Друга безбедносна агенција, Амри, објави дека брод што пловел под знамето на Маршалските Острови бил погоден со проектили во два одделни инциденти, погоден и оштетен.

    Хутите денеска објавија дека нападнале американски брод во Црвеното Море, откако поморските безбедносни агенции објавија дека ракети биле истрелани кон брод.

    „Поморските сили на јеменските вооружени сили го гаѓаа американскиот брод „Стар Ирис“ во Црвеното Море со голем број поморски ракети и ударите беа прецизни и директни“, изјави портпаролот на бунтовниците Хути, Јахја Сара.

    САД вчера објавија дека претходниот ден извршиле нови напади врз позициите на јеменските бунтовници Хути, кои, според Вашингтон, требало да извршат напад врз бродови во Црвеното Море.

    Бунтовниците Хути најавија дека од ноември ќе таргетираат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, за кои веруваат дека се поврзани со Израел, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, територија под опсада и израелските напади во војната против палестинскиот исламистички Хамас.

    Поради нивните напади, бројни бродски компании го прекинаа преминот низ таа зона, низ која минува 12 отсто од светската трговија.

    Вашингтон, главниот сојузник на Израел, објави дека ги назначил Хутите како „терористичка“ група и во декември формираше мултинационална коалиција за заштита на поморскиот сообраќај во областа.

    Коалицијата досега не успеа да ги запре нападите, а американските и британските сили извршија повеќе напади врз Јемен од средината на јануари.

    Хутите контролираат голем дел од Јемен по една деценија војна во сиромашната земја на Арапскиот Полуостров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img