More

    Груби бара да се укине техничката влада

    spot_img

    Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, на Преспа форумот во Струга повика на укинување на техничката влада, нарекувајќи ја „влада нонсенс“ која може само да креира пречки во иднина.

    Зборувајќи за условувањата на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени тој ги повика да внимаваат што бараат зошто – може да им се исполни.

    – Живеевме во страв дека Грција ќе ни ја одземе историјата. Сега живееме во страв дека Бугарија ќе нѐ асимилира во 21 век, иако не успеа во тоа. Не сакам повторно да се враќам во состојбата на заробена држава. Нашата опозиција го усоврши привикувањето на сите стравови за да извлече полза за нејзината агенда за зграбување на власта. Вистината е дека никој од нас не изгуби ништо со Охридскиот договор. Никој не изгуби ништо со Преспанскиот договор. Нема да изгуби ни со Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Државата, регионот и сите ние сакаме иста работа. Потребен е еден дополнителен чекор за да стигнеме до таму. Никој нема да го оспори постоењето на македонскиот јазик, на македонскиот народ и постоењето на македонската држава – рече Груби.
    Затоа, ќе ѝ порачам на опозицијата нека внимава што посакува – тоа може и да се оствари, додаде тој.

    – Ги прифативме сите услови на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, отидовме и чекор понатаму и понудивме и наши отстапки. Денес пред вас изјавувам дека бараме да се острани нонсенс техничката влада од Законот за влади за да не прави никакви пречки во иднина – рече Груби.

    Тој заклучи дека од она што го слушнал досега опозицијата нема проблем ни да се прифатат уставните измени, ни да се вклучат Бугарите во Уставот, ни да се откаже од нотарските изјави, а единствено што сака е само ДУИ да не е внатре во Владата.

    Затоа, рече Груби, време е тоа што го зборуваат да го покажат на дело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img