More

    Македонија размислува да ја „препише“ одлуката на Србија

    spot_img

    Дали Македонија ќе го следи примерот на Србија каде што од 5 април до 15 јуни сопствениците на електрични тротинети и електрични велосипеди ќе треба да ја завршат регистрацијата на своите возила, по што ќе започне контролата, но и казнувањето?

    Желба постои, но тешко дека засега ќе дојде до реализација, па поради тоа надлжените препорачуваат почитување на законите за безбедност во сообраќајот.

    Со почетокот на пролетта, како и со зголемените температури, од зимски сон ќе се разбудат граѓаните кои во следните неколку месеци како превозно средство ќе го користат електричниот тротинет или велосипед.

    Сообраќајните експерти велат дека регистрација на електричните тротинети и велосипеди треба да има и во Македонија, но поважно е возачите претходно да поминат обуки за како да учествуваат во сообраќај.

    Во нашата земја, според најавите и информациите кои ги добивме, засега нема слична инцијатива за регистрација на овој вид превозни средства. Сепак, со измените на Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата донесени пред неколку години се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет.

    Вака ќе изгледаат налепниците во Србија

    Според правилникот во Србија за начинот на издавање, водење евиденција, изгледот и начинот на поставување на налепницата за лесни електрични возила содржи детални упатства, како и изгледот на налепницата.

    Во барањето за издавање налепница да се наведат лични податоци – име и презиме, ЕМБГ, датум на раѓање, место на раѓање, податоци за живеалиште – место, поштенски број, улица и куќен број, телефон, е-пошта, како и како информација за лесното електрично возило – марка, постојана номинална моќност на електромоторот, максимална конструктивна брзина и тежина без товар на возилото.

    Кон барањето треба да се достави и техничката документација за лесното електрично возило од која може да се утврди марката на возилото, постојаната номинална моќност на електромоторот, максималната проектна брзина и празната тежина на возилото.

    Приемот и обработката на барањата, издавањето и поставувањето налепници се врши на местата наведени на веб-страницата на Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

    Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) во повеќе наврати предупредуваат дека возењето тротинет без заштитна опрема, возење во спротивен правец, се едни од најчестите прекршоци кои ги прават возачите на електричните превозни средства. Сѐ поголем број пријави има за повредени возачи и пешаци.

    Додека во Македонија чекаме да се воведе регистрација на електричните тротинети и велосипеди ќе ги потсетиме лицата кои ги користат овие превозни средства да се придружуваат до законските прописи.

    – Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат: возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци (се забранува движење со тротинет на коловоз); возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h, додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 километри на час – посочуваат од Републичкиот секретаријат за безбедност во сообраќајот.

    Според законските одреби, електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст; возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото (треба, но нема санкција за неносење); возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.

    За сите оние кои не го почитуваат законот следуваат казни во висина од 50 до 120 евра во денарска противвредност. Па така, тротинети ќе се управуваат само по велосипедски патеки. Таму каде што нема, дозволено е да се вози по тротоар. Движењето на улица ќе се смета за прекршок и ќе се казнува со 80 евра.

    Брзината со која се вози тротинет на велосипедска патека не смее да надмине 25 километри на час, на тротоар и пешачка зона максимумот е само 6 километри на час. Казната за пречекорување на брзината е 120 евра.

    Возачот на тротинет треба да има наполнето 14 години и не смее да превезува други лица. Прекршувањето на овие одредби се казнува со 50 евра.

    Задолжително е носењето заштитна кацига на главата како и жолт флуросцентен елек во вечерните часови или при појава на магла. Тротинетот треба да биде осветлен од предната и задната страна со бело односно црвено светло. Секој што ќе биде фатен без опрема ќе биде казнет со 50 евра.

    Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо велат дека по однос на прекршоци сторени од страна на возачи на електрични тротинети, на територијата на Република Македонија во 2022 година санкционирани се вкупно 66 возачи, a во 2021 година санкционирани се вкупно 29 возачи на електрични тротинети.

    – Министерството за внатрешни работи апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Сите ние како учесници во сообраќајот мора да бидеме свесни дека треба да се придржуваме кон обврските и да ги почитуваме правилата, за на тој начин да останеме безбедни и да придонесеме за посигурни патишта и безбеден сообраќај, а не за да ја избегнеме казната од полицијата – велат од МВР за Плусинфо.

    Статистиката на МВР вели дека на почетокот на минатата година имало 11 сообраќајни незгоди на возачи на електрични тротинети, а во 2022 година, 43 сообраќајни незгоди, од кои имало и неколку тешко повредени возачи.

    фото: Извор МВР

    – Го потикнуваме користењето на велосипеди и електрични тротинети кои како категорија на возила не придонесуваат во загадувањето и го намалуваат метежот во сообраќајот, но напоменуваме дека и тие возила мора да се управуваат одговорно, со почитување на пропишаните правила и прописи за безбеден сообраќај за сите нас – велат од МВР за Плусинфо.

    Според состојбата на терен, може да се заклучи дека малкумина ги почитуваат овие законски прописи, особено кога станува збор за носењето шлем на главата, како и носењето рефлектирачки елеци.

    Поради тоа повеќето институции кај нас им препорачуваат на возачите на електрични тротинети да ги почитуваат правилата, бидејќи пред сѐ станува збор за нивната безбедност при управувањето на ова превозно средство, затоа што чести се паѓањата, а тие може да предизвикаат сериозни повреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img