Десет лица се повредени, од кои четворица со повреди опасни по живот, при удар на гром во понеделник попладне во Дрезден.
Гром удри во група луѓе на брегот на реката Елба. Станува збор за три жени и седум мажи на возраст од 26 до 41 година.
Четворица од нив се здобиле со повреди опасни по живот и се пренесени во болница. Двајца мажи дури биле оживеани на лице место.
Делови од сојузната покраина Саксонија во понеделникот беа погодени од силно невреме со грмотевици.