More

    Големи пожари избувнаа во северен Израел по ракетни напади

    spot_img

    Израелските пожарникари се уште се борат со огромните пожари што избувнаа во северниот дел на Израел по ракетните напади од Либан. Дел од жителите на тамошниот град се евакуирани.

    Пожари од големи размери избувнаа во северниот дел на Израел во понеделникот, откако областа беше цел на ракети и напади со беспилотни летала од соседен Либан. Поради нападите и пожарите, блискиот град е делумно евакуиран, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Пожарникарите се уште се борат со пожарите од големи размери кои избувнаа во близина на градот Кирјат Шмона. Шест војници се пренесени во болница поради вдишување чад, соопшти армијата.

    Од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопштија дека внимателно ги следат пожарите.

    Оваа област инаку редовно е цел на гранатирање меѓу израелската армија и либанското движење Хезболах. И по овој напад од Либан, израелската армија одговори со одмазднички воздушен напад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img