Главни теми биле патот кон ЕУ и партнерството со САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во седиштето на партијата денеска имал средба со претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, на која разговарале за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД.

„Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД. Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат“, се наведува во објавата на Фејсбук на Ковачевски.

Претходно денеска претседателот на Алијансата за Албанците, Таравари во куса изјава за МИА потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.

 

 

Share This Article