More

    Неговиот бранител вели дека српскиот пејач максимално соработува со органите на прогонот

    spot_img

    Српскиот музичар Ѓорѓе Николиќ – Давид, кој вчера попладне ја напушти Македонија, откако Основниот суд во Куманово му ги врати личните документи, има обврска секој месец да се јавува во содот во Куманово и нема сомнение дека тој таа обврска ќе ја исполнува, вели неговиот бранител Виктор Цветковски за Куманово њуз.

    – Николиќ максимално соработува со македонските органи на прогон и при секое нивно барање или повик ќе биде присутен за непречено одвивање на постапката – изјави Цветковски.

    Ѓорѓе Давид учествуваше во сообраќајна несреќа којашто се случи на 21 јануари на автопатот Куманово – Табановце, на околу 2 километри пред граничниот премин, во која загина жена.

    Според првичните сознанија на ОЈО Куманово, прво дошло до судир помеѓу автомобилите „поло” и „голф”, затоа што едно од возилата се приклучило на автопатот во недозволена насокаПатничката потоа излегла од тоа возило и во тој момент на неа налетал автомобил опел инсигнија со српски регистарски таблици со кој управувал Ѓорѓе Давид.

    Од ударот патничката од Куманово починала во болница, а полесно повреден во раката бил и српскиот пејач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img