Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија.
Но, што се случувало во текот на критичниот ден на 19 јануари на улица ‚‚Кеј Македонија‘‘? Со кое лице горенаведениот имал нерасчистени должничко-доверителни односи и тоа подолг временски период? Дали истрагата во ЈО Охрид ‚‚држи‘‘ во притвор лице кое воопшто не е одговорно за повредите нанесени врз Пендиков, или пак само станува збор за лице коешто се нашло на погрешно место во погрешно време?
Редакцијата на Охридскај дојде до нови сознанија кои ќе ја разобличат во поголем дел големобугарската пропаганда, но и грешките на истрагата со цел да се удоволат бугарските аспирации.
Видео-надзор, но без надзор?!
Истрагата која ја покрена ОЈО Охрид се темели само на два исказа кои наводно ги дал оштетениот Христијан Пендиков, и тоа искази кои се крајно контрадикторни!
Во првиот исказ пред полициските службеници, Пендиков ќе наведе дека до него во Ирскиот клуб лоциран на ‚‚Кеј Македонија‘‘ во Охрид, дошле три лица кои му упатиле погрдни зборови:„Како не ти е срам да се пишеш како Бугарин…“, при што во првичната верзија физичката пресметка започнала во угостителскиот објект, а продолжила надвор, и го тепале три лица!
Веднаш наредниот ден Христијан Пендиков ја менува изјавата : „Не беа три лица, туку само едно лице, Аждер…“
Ова наликува ко онаа народната: ‚‚Тројца беа, а не, двајца беа, или еден беше, тој ќе плати…“
Истрагата во насока на Јавното Обвинителство од Охрид го обезбедила во целост видео-надзорот од посочениот ресторан во Охрид, но и другите видео-надзори од соседните објекти. Она до што како информација дојде Редакцијата на Охридскај, е дека сите посочени видео-записи се неупотребливи во истрагата, од причина што или се во целост матни снимки или на истите го нема кривично-правниот настан, а на онаа снимка која е малку заматена се гледа само едно лице кое има турканица со Пендиков, а лицето според изгледот воопшто не одговара на физиономијата на сега веќе притвореното лице…
Кој е мистериозниот лик кој го тепа Пендиков?
Според нашите информации, лицето на кое му е одредена мерка притвор физички воопшто не одговара со лицето кое се гледало на снимените материјали од видео-надзорот. Дали во притвор е лице кое нема кривично дело, или можеби ЈО сака да изнуди некаков исказ од притвореното лице со цел да затвори случај?
Според други информации до кои дојде Редакцијата на Охридскај, настанот е фингиран со одредена цел, секако за добар финансиски надомест, а целта би биле големобугарските аспирации, инаку како ќе се оправда експресноста во преземањето на Пендиков со владин самолет на Бугарската Армија?
Преку истрагата останува да се утврди кое е лицето кое наменски го тепало Пендиков, за одредена политичка самосвест на бугарската идила кон Македонија?
С. Денесовски