More

    ЕК утре ќе предложи старт на преговорите со Украина и со Молдавија

    spot_img

    Европската комисија утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија „откако ќе ги исполнат поставените услови“, а можно е и со Босна и Херцеговина, која е единствената земја од Западниот Балкан покрај Косово, која се уште го нема започнато преговарачкиот процес со Унијата.

    Според дипломатски извори, препораките за Украина и Молдавија би значеле дека тие би можеле да ги почнат преговорите за членство уште во текот на следната година.

    Како што јави дописникот на МИА од Брисел, што се однесува до БиХ засега има резерви кај дел од членовите на ЕК, но и кај некои европски дипломати, кои сметаат дека земјата бележи назадување во однос на владеењето на правото.

    Европски дипломат во изјава за „Политико“ посочи дека на БиХ и беше доделен кандидатски статус под претпоставка дека тоа ќе ги поттикне реформите, но оттогаш има само влошување на состојбите со владеењето на правото и на севкупната политичката ситуација во земјата.

    – Како можеме сега да решиме да ги започнеме преговорите со нив, а да очекуваме од другите земји кандидати ревносно да ги спроведуваат своите реформи – посочи неименуваниот дипломат.

    Европската комисија утре треба да го усвои пакетот за проширување и да ги објави извештаите за напредокот на секоја од кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img