More

    Двајца се повредени, а десетици станбени и други објекти се оштетени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот на Киев

    spot_img

    Двајца се повредени, а десетици станбени и други објекти се оштетени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот на Киев, изјави денеска шефот на регионалната државна администрација.

    Од трите проектили лансирани од Русија, украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништи два над регионот на Киев, изјави

    На социјалните мрежи се шири видео од руски проектил како лета над Киев.

    Фрагменти од проектилот повредија две лица, на кои не им беше потребна хоспитализација, изјави на Телеграм Руслан Кравченко, шеф на администрацијата на регионот Киев.

    – Остатоци од ракетите според украинските власти оштетија и шесткатни згради и повеќе од 20 приватни куќи. Оштетени се бензинска пумпа, аптека, управна зграда и три автомобили во регионот – додаде Кравченко.

    Киев, неговиот околен регион и неколку други ширум Украина беа под тревога за воздушен напад околу еден час утрово, почнувајќи од 4:50 часот по локално време. Очевидци на Ројтерс објавија дека слушнале неколку експлозии во и околу Киев во тоа време.

    Русија вчера го нападна Харков и удри во станбена зграда во Харков. Во нападот на вториот по големина украински град загинаа две лица, а 53 беа повредени. Меѓу нив има и три деца.

    Џесика Берлин од тинк-тенк Центарот за анализа на европската политика објави застрашувачко видео од нападот. „Ова може да биде која било улица во Европа. Ова е Харков секој ден под руски терор“, напиша таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img