More

    Дончиќ ја завери победата на Далас па го „пецна“ Владе Дивац

    spot_img

    Лука Дончиќ беше еден од најзаслужните за победата на Далас на гостувањето кај Сакраменто, а својот одличен настап и позитивниот резултат го искористи за да му испрати порака на Владе Дивац.

    Српската кошаркарска легенда е поранешен генерален менаџер на Сакраменто и човек кој донесе одлука да не го избере Дончиќ на НБА драфтот за „кралевите“. Во 2018 година, Дивац се одлучи за Марвин Багли и се уште ја брани таа одлука како исправна, а Словенецот му испрати јасна порака во решавачките моменти на дуелот утринава.

    Дончиќ најпрвин покажуваше со прст кон Дивац, кој очигледно му беше дополнителна мотивација, а потоа јасно им посочи на соиграчите и на фановите „Требаше да ме драфтува“, потврдувајќи дека не го заборавил потегот на раководството на Сакраменто, поради кој заврши во Далас.

    Дончиќ постигнал 26 поени на оваа средба и му недостасувал еден скок за трипл-дабл учинок.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img