More

    Поранешниот американски претседател нарачал 18 двојни чизбургери

    spot_img

    Поранешниот претседател Доналд Трамп го привлече вниманието на јавноста со посетата на популарниот ресторан All American Drive-In на Лонг Ајленд. Откако му оддадоа почит на убиениот полицаец Џонатан Дилер во неговиот дом во Масапеква, Трамп заедно со неговиот персонал свратиле во ресторанот за брза храна и направиле невообичаено голема нарачка од 200 долари.

    Менаџерот на ресторанот, Ричард Вултаџо, откри дека Трамп и неговата придружба нарачале многу голем оброк, вклучувајќи хамбургери, помфрит и шејкови. Нарачката била готова за само 10 минути, а била платена со кредитна картичка, со дополнителен „дарежлив“ бакшиш. Интересно е што Трамп, според Вултаџ, бил воодушевен од оброкот, а платил и оброци за други купувачи што се затекнале во ресторанот, меѓу кои биле и полицајците кои присуствувале на погребот.

    Ова не е првпат поранешниот американски претседател да ја покаже својата љубов кон брзата храна. Трамп наводно, ја развил својата наклонетост кон овој вид на храна од страв од труење. Во една прилика Трамп  јавно призна дека помфритот од Мекдоналдс е тајната на неговата уникатна фризура. Тој нарача храна од Мекдоналдс и за дочекот на шампионите на колеџот фудбалски шампионат.

    Оваа посета на поранешниот претседател Доналд Трамп кој сега се кандидира за нов мандат, го привлече вниманието на јавноста и уште еднаш ја истакна неговата љубов кон брзата храна, но и поддршката за локалните заедници и институции како што е њујоршката полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img