More

    Доказите од истрагата покажале дека 12-годишникот кој уби негов врсник во оружениот напад во училиште во Финска однапред го планирал нападот

    spot_img

    Доказите од истрагата покажале дека 12-годишникот кој уби негов врсник во оружениот напад во училиште во Финска однапред го планирал нападот.

    Полицијата навела дека тоа е утврдено врз основа на податоците пронајдени во електронските уреди што му биле одземени на осомничениот, пренесува Ројтерс.
    „Во прелиминарната истрага се пронајдени докази кои укажуваат дека делото било планирано“ – се наведува во полициското соопштение.

    Осомниченото момче кое е во надлежност на социјални работници бидејќи според законот не може кривично да одговара, на распитот се однесувало „пристојно“, а било утврдено и дека им се заканувало на учениците од основно училиште во градот Ванаа во близина на Хелсинки додека бегало по првото пукање.

    Полицијата соопшти дека има прелиминарни сознанија за тоа како 12-годишникот осомничен за убиството го набавил пиштолот, кој му припаѓал на близок роднина, но истрагата сè уште е во тек.

    Финските медиуми претходно објавија дека осомничениот бил жртва на малтретирање на училиште и дека мотивот за нападот е директно поврзан со насилството што го претрпел на училиште.

    Во пукотницата во училиштето „Виертола“ во градот Вантаа во вторникот загина 12-годишно момче, додека две девојчиња а иста возраст се пренесени во болница во тешка состојба.

    Напаѓачот бил фатен во Силтамаки, предградие на Хелсинки и не дал отпор при апсењето, соопшти претходно полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img