More

    Руските сили изведоа голем воздушен напад врз Украина во текот на изминатата ноќ и утринава, предизвикувајќи експлозии во неколку области на таа земја

    Руските сили изведоа голем воздушен напад врз Украина во текот на изминатата ноќ и утринава, предизвикувајќи експлозии во неколку области на таа земја, објави Киев индепендент.

    Рано утринава, украинските воздухопловни сили објавиле воздушен аларм за целата земја, вклучувајќи ги и крајните западни региони, поради заканата од руски ракети, дронови, бомбардери Ту-95МС, а подоцна и балистички ракети „Кинжал“.

    Гувернерот на областа Виница, Серхиј Борзов, изјави дека руските сили удриле во станбени згради во областа и раниле 3 лица.

    – Во нападот е погодена станбена зграда – објави Борзов во 4:23 часот по локално време.

    Тој изјави дека и други жители се ранети и евакуирани од зградата, а од Државната служба за вонредни состојби изјавија дека цел на нападот бил градот Жмеринка и дека се оштетени неколку згради.

     

    Полска објави дека подигнала борбени авиони за да ја обезбеди безбедноста на воздушниот простор на Полска, која е членка на НАТО, во моментот на рускиот напад врз Украина.

    Украинските медиуми јавија дека жителите на Старокостијантинов во областа Хмелницки останале без струја како резултат на нападот.

    Еден ден претходно, најмалку 12 лица беа убиени во трговски центар во Харков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img