More

    Среде ноќ изненадно се појавил во семејниот замок во Ебенфурт

    spot_img

    Мултимилионскиот развод на Тони Бијелиќ и Драгана Мирковиќ веќе неколку дена е во фокусот на јавноста, како и прашањето на кого ќе му припадне вредниот замок во Ебенфурт. Но приказната добива нов тек откако денеска се појави информација дека Тони наводно сред ноќ дошол во замокот да бара прошка од својата сопруга, проследена со видео на кое се гледа како се отвораат капиите на луксузната семејна резиденција.

    Иако се шпекулираше дека Антоније Тони Бијелиќ има љубовница и дека живее со неа откако се иселил од семејниот дом, неодамна се појави демант дека тоа не е вистина:

    – Не е точно дека господинот Бијелиќ наводно започнал заеднички живот со друга жена, како што беше лажно наведено во некои написи. На овој начин мојот клиент г-дин Бијелиќ посочува дека во приватниот и деловниот живот секогаш се однесува чесно, достоинствено и како семеен човек. Тој понатаму посочува дека никогаш не направил нешто што би дало повод или причина за споменатите објави и не сака да дава дополнителни изјави за тоа- изјави адвокатката на австрискиот бизнисмен, Габриела Баниќ.

    По сите овие наводи, како одминуваа деновите, стигна информација дека Драгана останала со децата во замокот, додека Тони се преселил во Германија.

    Среде сите приказни и шпекулации за разводот на популарната српска пејачка и богатиот австриски бизнисмен, денеска се прошири вестта дека замокот на Тони Бијелиќ, наводно, синоќа бил отворен накратко за него. Според видеото што е објавено на социјалните мрежи, тој изненадно се појавил во резиденцијата на семејството во Ебенфурт.

     

    Портите на замокот ширум се отвориле синоќа, но чудно е што тоа се случило среде ноќ. Има шпекулации дека Тони Бјелиќ дошол да ги види Драгана, синот Марко и ќерката Мануелна Бијелиќ и да побара прошка од својата сопруга.

    Не е сигурно дали Драгана во овој момент била во замокот, а на снимката може да се слушне дури и песна од култниот филм „Кум“.

    Пејачката не го криеше разочарувањето и тагата поради целата ситуација, па неодамна застана пред камерите на хрватскиот портал 24сата.хр и изјави дека моментално минува низ тежок период во животот.  Драгана Мирковиќ е во центарот на вниманието на јавноста поради разводот по 24 години брак, но и поради нејзината хуманитарна работа. Таа истакнува дека нема многу пари бидејќи голем дел од своето богатство го вложила на организирањето хуманитарни концерти на кои, како што рече, Тони не сакал да учествува.

    – Не згрешив без разлика на сè, и што било и што ќе биде. Јас сум задоволна. Имам две прекрасни деца, останав присебна, останав нормална, останав вредна. Сè уште работам како да немам ништо, навистина, затоа што верувам дека човек треба да работи, а во овој момент работам да им помогнам на другите – изјави Драгана Мирковиќ за 24сата.хр.

    Како што истакнува во видеото, не се плаши од работа, сака да работи и дека парите кои сега ги нема затоа што дала на концерти и хуманитарни цели, повторно ќе ги заработи. Позитивна е за сè што ја чека во иднина, а најубаво е што сè прифатила мирно и смирено, без дополнителна помпа и врева.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img