More

    Џонсон: Западот мора да покаже голема солидарност ако сака да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да не ја нападне Украина

    spot_img

    Западот мора да покаже голема солидарност ако сака да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да не ја нападне Украина, порача британскиот премиер Борис Џонсон пред неговото заминување на Минхенската безбедносна конференција.

    – Сѐ уште постои шанса да се избегне непотребното крвопролевање, но за тоа ќе биде потребна огромна западна солидарност, нешто што не сме го виделе во поновата историја, истакна Џонсон во изјавата пред неговата посета на Минхен.

    Тој нагласи дека сојузниците мора да имаат единствен став за да му ја нагласат на рускиот претседател Путин високата цена на секоја понатамошна руска инвазија врз Украина, изразувајќи убедување дека дипломатијата сè уште може да надвладее.

    Од кабинетот на Џонсон соопштија дека британскиот премиер ќе ја испрати истата порака и во својот говор на конференцијата, а за време на престојот во Минхен ќе се сретне со неколку европски партнери за да разговараат околу одговорот на кризата во Украина.

    Украинската криза ќе биде во фокусот на тридневната конференција во Минхен, која почна вчера, а на која, меѓу другите, учествуваат и потпретседателката на САД, Камала Харис и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img