More

    Девојче на десетгодишна возраст се удави во базен додека било на одмор со родителите во Неа Макри, Грција

    spot_img

    Девојче на десетгодишна возраст се удави во базен додека било на одмор со родителите во Неа Макри, Грција.

    Трагедијата се случила кога девојчето се нурнало во базенот за да ја извади маската за нуркање и не испловало на површината повеќе од три минути. Двајца лекари кои живеат во тој станбен комплекс се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

    Еден од лекарите кој се обидел да му помогне на девојчето рекол дека на детето му извадиле храна од устата додека се обидувале да ја реанимираат.

    – Го најдов детето во несвест. Јас и татко ми, кој исто така е лекар, 20 минути се обидувавме да ја оживееме. Се обидовме и да ја извадиме содржината од нејзиниот стомак – изјави лекарот.

    Несреќата се случила нешто по 18 часот во дворот на станбениот комплекс каде девојчето си играло со својата другарка. Ден претходно, нејзиниот брат близнак и татко ѝ се вратиле дома во Атина, додека таа останала со мајка си во комплексот во Неа Макри.

    Во еден момент девојката останала сама во базенот кога нејзината пријателка на кратко отишла дома. Во близина била и нејзината мајка, која ги пакувала работите во автомобилот за да се вратат дома во Атина. Нејзината мајка веднаш повикала брза помош која по десетина минути пристигнала на местото на настанот. Тие веднаш го пренеле девојчето во локалната болница во Неа Макра.

    Според неофицијални информации, девојчето немало здравствени проблеми и било добар пливач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img