More

    ДАЛИ КРЕНАР ЛОГА ЈА КРОИ ПОЛИТИКАТА НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ, А ТАРАВАРИ Е НЕГОВ ВАЗАЛ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО СДСМ И ДУИ?!

    spot_img

    Прашање на денови е приклучувањето на Алијансата за Албанците во владината коалиција СДСМ – ДУИ. Официјално, соработката на претседателот и генералниот секретар на Алијанса за Албанците е на значително ниво, и начелно, последната одлука е на Арбен Таравари, но фактичката ситуација е сосема поинаква, поточно генералниот секретар, Кренар Лога, го крои планот и списокот на функционери на Алијанса и тој претставува алфа и омега на преговарачката маса. Како доказ за тоа може да се спомне списокот на членовите избрани како заменици на претседателот, а воедно и членовите на Извршниот одбор на истата партија.

    Кој е ПОВРЗАНОСТА на Кренар Лога со лицето Крешник Лога кој од осомничен за убиство на Дилавер Бојку стигнува до лидер во сенката на Арбен Таравари?

    „Одделението за внатрешни работи во Струга поднесе кривична пријава против К.Л. (33) – Крешник Лога од струшкото село Ливада, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, како и против Е.О. (39) од истото село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 14.8.2017 г., првопријавениот К.Л. на летна тераса од угостителски објект во Струга, со револвер го лишил од живот Д.Б.(58) од струшкото село Велешта, а потоа пукал и кон А.Б. (41) од Струга и Б.С. (28) од с. Велешта. Второпријавениот Е.О. со патничко возило „мерцедес“, со швајцарски регистарски ознаки, по претходен договор со сторителот, го однел до угостителскиот објект.“, овој исказ е од 2020 година заверен во полицискиот билтен на МВР на РМ.
    Што се случи со поднесената кривична пријава против Крешник Лога, секако дека во ова наше „Сваровски судство“ не е тешко да се насети дека и нема да има завршница, не случајно Алијансата за Албанците го бара ресорот Правда, каде како прв човек треба да седне токму Кренар Лога!!!
    Се шпекулира дека пред неколку недели, Зијадин Села бил во посета кај Али Ахмети во село Зајас, без знаење од Извршниот одбор на партијата, и самиот Арбен Таравари, каде најверојатно ги договориле главните начела на соработка, и вклучување на фирми-подизведувачи блиски до Зијадин Села во големата зделка за изградбата на автопатот Коридор 8.
    Се поставува прашањето дали Арбен Таравари е уценет од струшката група ?
    Она што би требало да се очекува во однос на министерските места кои би ги добила АА е дека начелно едно министерско место предлага генералниот секретар на АА, додека другото министерско место – претседателот на АА, Арбен Таравари. Но, во овој случај, двете места се предлог на Кренар Лога, т.е. тој ќе стане министер за правда, додека како министер за здравство ќе биде предложен д-р Фатмир Меџити, наводно близок на Таравари, но поблизок и под контрола на Лога.
    Во однос на останатите места, заменици-министри ќе бидат на предлог на Таравари бидејќи се безбуџетни, а заменик-директор на Царина или некое „вредно одделение“ се очекува да биде предложен лично од Лога.
    МЕПСО најверојатно ќе биде предводено од Зуди Кока со кого Лога од времето на неговото именување како директор на Комунална хигиена е во одлична релација. Негов предлог ќе биде и директорот на ПИОМ, заменик-директорот на УЈП, заменик-директорот на БЈБ, економскиот директор на Здравствен дом.
    На Таравари ќе му се даде можност да предложи директори во здравствените центри, на тетовската и дебарската болница, болница „Бардовци“, како и директор на Инфективна клиника, на ОРЛ, на охридската болница за кое место типува д-р Фета Елмази, а воедно од Таравари би биле предложени и економските директори на Онкологија, ТОАРИЛУЦ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img