Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ распиша локални избори за 2 јуни.
Локалните избори ќе се одржат во оние општини каде што не се одржаа во декември.
Со цел тие избори да се одржат на 2 јуни заедно со изборите во Белград, Собранието претходно го измени Законот за локални избори, што беше договор меѓу власта и опозицијата, додека другиот дел од опозицијата одлучи да не учествува на изборите затоа што сметаат дека нема услови за нив .
Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ на сите им посака „успешни избори“.