More

    Бес во Кремљ по нападот на Уст-Луга

    spot_img

    Русија денеска ја обвини Украина дека го нападнала нафтениот терминал во пристаништето Уст-Луга, недалеку од Санкт Петербург, на рускиот брег на Балтичкото Море, на околу 900 километри од украинската граница.

    – Режимот во Киев продолжува да го покажува своето ѕверско лице гаѓајќи ја цивилната инфраструктура – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на новинарските прашања за големиот пожар што избувна вчера на гасниот терминал со кој управува „Новатек“, во родниот град на рускиот претседател Путин.

    Компанијата „Новатек“ објави дека пожарот го предизвикал „надворешен фактор“, без да навлегува во детали.

    – Руското Министерство за одбрана и системите за воздушна одбрана прават сѐ што е потребно за да спречат вакви терористички напади – рече Песков.
    Неименуван извор тврди дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) го извршила нападот на рускиот терминал во Уст-Луга со беспилотни летала.

    Како резултат на нападот терминалот привремено престана да работи.

    Според украинските извори тоа било специјална операција против морскиот терминал, кој бил погоден со висока прецизност и бил предизвикан голем пожар, а персоналот бил принуден да се евакуира.

    – Нафтениот терминал Уст-Луга е важен објект за непријателот. Таму се обработува гориво, наменето за руските трупи. Успешниот напад на таков терминал предизвикува не само економска штета на Русија, туку и го лишува агресорот да профитира од војната во Украина, и сериозно ги нарушува патиштата за снабдување со гориво на руските сили – истакнува неименуваниот извор за украинските медиуми.

     

    Терминалот е еден од најновите во Русија и еден од најважните. Генерално се користи за извоз, но и за обезбедување гориво за руската армија. По нападот на СБУ, сите танкери биле итно евакуирани во Балтичкото Море. Сите активности за товарење и истовар се прекинати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img