More

    Може да блокираме западен имот вреден речиси 300 милијарди долари

    spot_img

    Ако западните земји го запленат рускиот имот, Русија би можела да возврати со запленување на најмалку 288 милијарди долари од западните средства, вклучително и 223 милијарди долари имот на членките на Европската унија, објави руската државна новинска агенција РИА. Откако рускиот претседател Владимир Путин испрати вооружени сили во Украина во февруари 2022 година, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската Централна банка и со Министерството за финансии и замрзнаа околу 300 милијарди долари руски средства.

    Американските и британските власти сега предлагаат замрзнатите средства да бидат запленети и искористени за обнова на Украина разурната од војна и се надеваат дека лидерите на Г7 ќе го прифатат предлогот на состанокот кон крајот на февруари, објави Ројтерс кон крајот на декември.

    Русија го обвини Вашингтон дека се обидува да употреби принудна тактика за да добие поддршка од европските земји за предлогот. Москва соопшти дека има список на американски, европски и други средства и дека може да возврати со иста мерка.

    Во извештајот објавен вчера, руската новинска агенција РИА цитира податоци според кои вредноста на директните инвестиции на ЕУ, членките на Г7, Австралија и Швајцарија во руската економија на крајот на 2022 година изнесува вкупно 288 милијарди долари.
    Вредноста на инвестициите на земјите од ЕУ изнесува 223,3 милијарди долари на крајот на 2022 година, а речиси половина од таа сума, односно 50,1 милијарди долари, официјално му припаѓаат на Кипар. Поради поволните прописи, многу странци, меѓу кои и руски државјани, отворија сметки во Кипар.

    Следува Холандија со 50,1 милијарди долари инвестиции и Германија со 17,3 милијарди. Меѓу петте најголеми европски инвеститори во руската економија, РИА ја наведува Франција со средства и инвестиции во вкупна вредност од 16,6 милијарди долари и Италија со 12,9 милијарди долари.

    Меѓу земјите од Г7, агенцијата ја наведува Велика Британија во групата водечки инвеститори со средства во Русија од 18,9 милијарди долари, според податоците од крајот на 2021 година. Вредноста на американските инвестиции во Русија на крајот на 2022 година изнесуваше 9,6 милијарди долари, јапонските 4,6 милијарди и канадските 2,9 милијарди долари.

    Швајцарија и Норвешка обично донесуваат антируски мерки, забележува РИА, додавајќи дека на крајот на 2022 година вредноста на нивните средства изнесувала 28,5 милијарди, односно 683 милиони долари. Ројтерс забележува дека не може самостојно да ги потврди податоците наведени од руската агенција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img